(ФОТО) Стеффонатор објави фотка со девојка: Фановите претпоставуваат дека е Мартија?
Јутјуберот Стеффонатор е еден од најпознатите јутјубери во Македонија, а секој негов чекор фановите и тоа како го следат. Последниот период е познат по песната „Што праеш“ во која гостинка му е младата пејачка Мартија Станојковиќ.
По оваа песна сите фанови почнаа да се сомневаат дека овие млади и успешни тинејџери се во љубовна врска. За нештата да станат уште поинтересни, јутјуберот објави фотографија со девојка, а неговите следбеници, веднаш почнаа да прашуваат дали тоа е Мартија.
Причината за ваквите прашање е тоа што лицето на девојката не се гледа, но со оглед на тоа што и Мартија е во Охрид деновиве, шансите за тоа се големи.