(ФОТО) Тинејџер заминал на море, а мајка му му дала урнебесни совети за алкохолот, сексот и тетоважите!

(ФОТО) Тинејџер заминал на море, а мајка му му дала урнебесни совети за алкохолот, сексот и тетоважите!

Објавена во: Совети // Семејство

Неговата објава со пораките од мајка му стана вистински хит на социјалните мрежи.

Објавата на 18 годишниот Британец Финли Брок на социјалните мрежи стана вистински хит. Неговата мајка пред да замине на одмор во Шпанија му напишала пораки, кои сочинувале урнебесни правила, кои за свое добро, мора да ги почитува.

Конкретните правила, опфаќаат дека никако не смее да има тетоважа, освен ако тоа не е на задникот, на невидливо место. Исто така, никако не би требало да има секс без заштита.

Финли направил „скриншот“ на урнебесните пораки и ги објавил на Твитер.

„Те потсетувам дека утре одиш на летување на Мајорка, па морам да ти дадам неколку совети“ - напишала неговата мајка Лиза, пред да започне да набројува што не смее да прави нејзиниот син.

„Немој да пиеш пред да отидеш на аеродром. Доколку ве фатат пијани, нема да ве пуштат во авион. Сети се како беше кога тргнавте на концертот на Еминем. Иако, најверојатно не се сеќаваш на тоа.“ - гласи првиот совет.

Вториот совет се однесува на пасошите.

„Не ги носете пасошите со вас кога одите на забава да не ги загубите. Во последниот месец изгуби два привремени пасоши, потоа клучеви, банкарски картички, пари и паричник. Не можеш да имаш доверба во себе. Доколку го изгубиш пасошот нема да те пуштат дома, што нема да биде толку лошо за тебе, но во тој момент ќе останеш и без пари.“

Третото правило, секако се однесува на редовната исхрана.

„Не заборавај да јадеш и немој да штедиш на храна за да купуваш алкохол“, а во четвртото правило препорачува да се држи понастрана од забавите на брод и оние каде што во близина има базен, бидејќи доколку падне во вода, може да се поздрави со својот мобилен.

„Немој да се тетовираш, а доколку мораш, направи ја тетоважата на задникот. Бидејќи во староста ќе жалиш поради тоа, а на тоа место нема секојдневно да се потсетуваш дека имаш“ - гласи едно најбизарните правила.

Секако советите да поминат без совети за заштита за време на сексот.

„Користи заштита. Една ноќ забава не е вредна за горонејата што можеш да ја добиеш и да патиш цел живот. Всушност, немој ни да имаш секс, не знаеш со каква личност била пред тебе“.

Во седмото правило Британката го потсетува својот син да не и ѕвони кога ќе биде пијан, бидејќи во тој случај таа ќе се грижи.

„Дури ни доколку во 3 наутро ја слушнеш нашата омилена песна, немој да ми ѕвониш како што имаш обичај. Исто така не ми е потребен видео повик во рани зори, со неповрзани приказни“.

За крај таа му даде еден мајчински совет.

„Внимавајте едни на други и побарај ме доколку има некакви проблеми. Пробувам да сфатам кој во вашето друштво е најразумен, но и понатаму се борам со тоа. Те сакам повеќе од животот. Добро забавувај се и безбедно врати се дома“ - напиша загрижената мајка.

Нејзините реакции предизвикаа бројни реакции на Твитер, од кои најголемиот број се позитивни, дека Лиза е единствена, дека е најдобра мајка на светот и дека нејзините совети се нешто најдобро што виделе.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: