(ФОТО) За некој започна училишната година - за Трајче Ѓоргиев летниот одмор

(ФОТО) За некој започна училишната година - за Трајче Ѓоргиев летниот одмор

Објавена во: Stars // Музика

Голем број тинејџери веќе наголемо започнуваат со совладување на новите материи, а голем број од нив и со прилагодување на новата средина, секако доколку започнале нова етапа во својот живот.

Но, има такви кои ставија крај на средношколските денови и за нив септември не е месец кога се враќаат во училишните клупи. Помеѓу оваа група тинејџери се вбројува и младиот и талентиран пејач Трајче Ѓоргиев. Тој беше матурант оваа година и со тоа овој месец може да си дозволи малку одмор.

Бидејќи во текот на летото имаше настапи и учество на фестивал во Молдавија, Трајче дури сега најде време за одмор на песочните плажи. Тој ужива во Кушадаси, Турција, а од таму сподели интересни сториња од плажа и фотка од зајдисонце, на која тој позира.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: