(ФОТО) Живеалиште како од цртан: Куќа која личи на локација од „Господарот на прстените“

(ФОТО) Живеалиште како од цртан: Куќа која личи на локација од „Господарот на прстените“

Објавена во: Совети // Семејство

На прв поглед ова живеалиште не наликува на место каде што би живеел еден човек. Но, што доколку откриете дека во него живее американецот Дан Прајс?

Тој порано бил фоторепортер и живеел во голема куќа во Кентаки. Но, неговата љубов кон научната фантастика и волшебните светови го свртела неговиот живот наопаку.

Прајс одлучил да ги остави сопругата и двете деца во големиот град, да се врати во матичната држава Орегон и да живее во шума.

Првично живеел во индијанска колиба, а потоа си направил мала куќичка во која живее неколку години.

Истата ја изградил од стебла од бреза.

Оваа невообичаена мала куќичка, која повеќе чини на локација од „Господарот на прстените“, го чини цели 75 илјади долари.

Овој дом од 2,5 метри ги има сите одобности. Има систем за греење, шпорет, тоалет, сауна и дури и гаража, каде што Дан го чува велосипедот.

Американецот не се жали, затоа што одамна е навикнат на изолација.

Во вечерните часови, тој се предава на својата голема љубов - книгите. Се обидува и да напише научно - фантастичен роман.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: