Фотографка има трик со кој двојките секогаш изгледаат слатко: Многумина мислат дека станува збор за луда идеја

Фотографка има трик со кој двојките секогаш изгледаат слатко: Многумина мислат дека станува збор за луда идеја

Објавена во: Мода // Moj стил

Овој трик навистина звучи лудо...

Многу пати наидовме на прекрасни фотографии од заљубени двојки кои изгледаат навистина фотогенично. Меѓутоа, очигледно е дека постои тајна за тие фотографии, а за нивното совршенство се заслужни фотографите кои на вистински начин ги местат заљубените гулаби, за да испаднат одлично на тие фотографии.

Една фотографка од ТикТок сподели видео во кое објаснува дека љубовните двојки на фотографирањето чудно доживуваат кога ќе им го сподели својот трик, а тоа е да не се бакнвуаат со усните, туку со своите заби. Звучи глупаво и лудо на прва, но оваа фотографка навистина знае што прави, бидејќи како што напиша во видеото, ветува дека фотографиите ќе изгледаат слатко. Во тоа видео стави звук во кој се слуша: „О, мој Боже, таа е луда“ - бидејќи има чувство дека и двојките го мислат тоа кога ќе им каже да се бакнат со заби.

@bykreneephotography_ Let me know if you wanna see some results from this prompt, it’s cute I promise  #indianapolisphotographer #weddingphotographer original sound - Elisabeth Austin

Но, следбениците во коментари ѝ побарале да им покаже фотографиите, со оглед на тоа што овој трик звучи чудно и не можам да си го замислат во глава. Затоа таа во едно од следните видеа сподели фотографии од двојките кои се бакнуваат со заби и можеме да кажеме дека била навистина во право. Не само што фотографиите изгледаат прекрасно, туку двојките изгледаат и среќно и заљубено и никогаш не би кажале дека таа фотка е наместена од страна на фотографот.

@bykreneephotography_ Reply to @jadenann22 So Hot You're Hurting My Feelings - Caroline Polachek

Освен тоа, во коментари ѝ пишуваа и оние на кои фотографите им го предложувале истиот трик, односно поза на фотографирање: „Тоа ми се најдрагите фотографии од запросувањето кои ги направи фотографот. На почетокот звучеше пречудно, но на крајот навистина беа едни од најубавите фотографии“ - напиша една следбеничка на оваа фотографка. Очигледно е дека во таквите ситуации навистина треба да го им верувате на фотографите, бидејќи точно знаат дека крајниот резултат ќе биде одличен.

фото: Screenshot - bykreneephotography_/TikTok; Banana Images / Shutterstock

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: