Германија го призна геноцидот во Намибија: Бара прошка од потомците на жртвите
Германија се извини и официјално за првпат призна дека учествувала во геноцидот во Намибија пред повеќе од 100 години, чии жртви беа припадници на племињата Хереро и Нама.
Од 1904 до 1908 година, германските војници убиле околу 65.000 членови на племето Хереро и 10.000 луѓе од племето Нама за бунт против колонистите кои ја присвоиле земјата, што историчарите и Обединетите нации го прогласија за прв геноцид во 20 век.
Германија ја призна „моралната одговорност“ за убиствата, но избегна официјално извинување за тврдењата, поради барања за оштета, пишува Ројтерс.
По преговорите со Намибија кои траеја повеќе од пет години, германскиот министер за надворешни работи Хејко Мас објави: „Сега овие настани официјално ќе ги наречеме какви што се од денешна перспектива - геноцид. Во светло на историската и морална одговорност на Германија, ќе побараме прошка од Намибија и потомците на жртвите.“
Мас изјави дека Германија се согласила да финансира развојни проекти со 1,1 милијарда евра, од кои директно ќе имаат корист заедниците погодените од геноцидот.
Медиумите во Намибија тврдат дека проектите се поврзани со инфраструктурата, здравствената заштита и образованието во следните три децении.
По Велика Британија и Франција, Германија беше третата колонијална сила во светот, но ги загуби сите свои колонии по Првата светска војна.
фото: REUTERS/Siphiwe Sibeko