Ги фотошопираше фотографиите на Инстаграм бидејки беше несигурна во себе: Кајли Џенер конечно призна сѐ, откри дека ја надминала оваа фаза
Целосно се предомислив!
Манекенката Кајли Џенер (25) изјави дека до неодамна ги средувала своите фотографии на социјалните мрежи, но веќе не го прави тоа. Откри дека оваа фаза од животот ја оставила позади себе.
-Чувствувам како имаме огромно влијание со се што правиме. Гледам толку многу млади девојки на интернет кои целосно ги уредуваат своите фотографии. Чист фотошоп! И јас ја поминав таа фаза. Се чувствувам како да сум на подобро место сега. Но, луѓето ви влеваат несигурност, рече Кајли.
Додала дека понекогаш е нормално некогаш да не се чувстуваме сигурни, но и дека секогаш била самоуверена и покрај тоа што и го кажувале луѓето.
-Секогаш се сакав себе. Сè уште се сакам. Една од најголемите заблуди за мене е дека бев несигурно дете и со операции го сменив целото мое лице, тоа е лага. Ставав само филери, објасни Кајли.
Додала и дека социјалните мрежи се интересни, но дека на нив слушнала многу лоши работи за себе.