Ги сакала животните и децата, но плачела од Дедо Мраз: Елена Ристеска се потсети на детството и откри што ја правело најсреќна (ФОТО)

Ги сакала животните и децата, но плачела од Дедо Мраз: Елена Ристеска се потсети на детството и откри што ја правело најсреќна (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Виралниот предизвик #СетиСе ја потсети и Елена Ристеска на детството...

СОС Детско село ја започна кампањата #СетиСе, преку која заедно со сите оние ќе се приклучуват ќе се создадат убави спомени за секое дете. Секој што сака да стане дел од оваа акција, треба да објави фотографија од детството со овој хаштаг и да означи уште три пријатели, кои ќе ги предизвика да го направат тоа.

Кон овој предизвик се приклучија многу познати личности, а сега тоа го направи и пејачката Елена Ристеска.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од своето најрано детство, помеѓу кои има фотографија со родители и сестра. Во описот на фотографијата со обожавателите сподели што правела на три-четиригодишна возраст.

„Мачоров на сликава е Мајкл, наречен по Мајкл Џексон, и оваа слика особено ме потсеќа на најубавиот период во мојот живот. На безгрижното детство што ми го овозможија моите родители. На сликиве покрај убавите среќни мигови со моите, можете да ја забележите мојата огромна љубов кон животните, која станува сѐ поголема со тек на времето. Љубовта за животните и децата секој ден сѐ повеќе расте во мене. Но, особено ќе истакнам дека ги сакам децата. Кога сум била на 3 или 4 годишна возраст на плажа кога ќе сум видела некое бебе сум седнувала до него да си играм, исто така многу сум сакала да им менувам пелени на бебињата на соседите. Секако тоа е нешто што ми е прераскажано од моите. Како и да е, овој предизвик е токму за дечињата од СОС Детско село.“ - напиша Елена Ристеска покрај фотографиите.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: