Ги заменија улогите: Објави иста фотка од доделувањето на дипломите како нејзиниот татко!
И во Америка се во тек забавите за прославувањето на матура, па многу средношколци објавуваат фотографии со родителите. Но, фотографијата на Тори Роуч привлече огромно внимание во јавноста. Станува збор за фотографија на татко и ќерка матурантка, но не би било ништо посебно доколку истата оваа фотографија не беше фотографирана и пред 18 години!
Имено, навистина младиот татко Денис се фотографирал на сопствената свеченост на доделување на дипломите со ќеркичката која тогаш немала ни една година. Тори Роуч ја сподели оваа преслатка фотографија на Твитер, заедно со фотографијата направена на нејзиниот голем ден по завршувањето на училиштето и му одала чест на својот татко.
Покрај фотографијата Тори напиша: „За секој кој прашува, ова е мојот татко, а тој има 37 години и не е сам. И да, имам брат што е на пат:“ Бројните реакции и воодушевувања на јавноста ја изненадија и самата Тори, па потоа напиша: „Од мало место сум и кај нас ништо не се случува. Не очекував ваков бум, а кога сликите излегоа во јавност, веднаш го побарав семејството и им кажав дека сите ги споделуваат фотографиите, а татко ми беше прегорд“.