Ги засукаа ракавите и се фатија за работа: Антониа и Мартија снимаат спотови во друштво на згодни момци
Карантините, поциските часови, социјалната дистанца и сличните мерки кои сите требаше да ги почитуваме за да се заштитиме од непознатиот непријател - коронавирусот, многу пејачи го искористија најпродуктивно. Перидот во кој што немаа настапи го искористија за создавање на нова музика, па така сега полека сите ги вадат своите нови песни, во чии звуци ќе ужива публиката во текот на летото.
Ништо поразлично не се ниту младите пејачи и пејачки. Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ се само едни во низата музичари кои ги засукаа ракавите и се фатија за работа. Тие две секојдневно не известуваа преку социјалните мрежи дека работат на нова музика. Сторињата од музичко студио се нижеа, а сега отидоа еден чекор понатаму и открија дека снимаат и видеа за песните кои каде и да е ќе ја дочекаат светлината на денот.
Мартија Станојковиќ уште во новогодишното интервју ни откри дека работи на нова музика, а сега потврди дека наскоро ќе дознаеме што подготвувала во изминатата година. И покрај тоа што сподели безброј сториња од сетот, во кои откри и кој ќе биде покрај неа во новото видео, сепак не откри како ќе се вика новата песна.
Антониа Гиговска, пак беше малку подиректна. Таа со песната „Магла“ ќе го најави своето првенче, односно својот прв албум - „2001“. Антониа на овој албум работеше долго време и покрај старите песни, на истиот ќе се најдат и неколку нови, меѓу кои и „Магла“, која треба да излезе за многу брзо време.
Фотките од снимањето на видеото ветуваат многу, а до нив можеме да откриеме дека и таа како Мартија ќе биде во друштво згодно момче. Не станува збор за Иван Јованов, нејзиното ново момче, туку за згодниот Симон Антиќ, кој по професија е сертифициран атлетичар, бодибилдер и фитнес тренер.
Р.Х.