Главната актеркат од „The Kissing Booth“ во нов романтичен тин филм: Овој дефинитивно ќе ве натера да пуштите солза
Ова мора да го проследиш...
Пристигна најавата за новиот филм кој ќе пристигне во февруари, а станува збор за романтичен тин филм кој сигурно ќе те воодушеви доколку ги сакаш слатките љубовни приказни. Овој филм би можел и да те расплаче.
Серијалот „The Kissing Booth“ е завршен, повеќе ќе нема нови филмови кои ќе нѐ радуваат секоја година, но Џои Кинг, која ја знаеме како Ел од овој филм, сега глуми во нов романтичен тин филм кој излегува пред Свети Валентин.
„The In Between“ е филм кој ќе те воодушеви доколку сакаш емотивни љубовни приказни. Вистински тин филм на кој истовреме ќе се растопиш, но и ќе пуштиш по некоја солза. Со неа, во главната улога е и Кајл Ален, кој се прослави со улогата во филмскиот мјузикал „West Side Story“ (кој исто така ви препорачуваме да го погледнете доколку го немате изгледано). Но, да се вратиме на „The In Between“. Филмот излегува на 11 февруари, а еве едно кратко резиме за тоа што се работи во него.
Главна во приказната е девојката Теса, која имала тешко детство и се селела од едно згрижувачко семејство во друго, толку што престанала да верува во љубовта и дека воопшто ја заслужува. Сѐ додека во нејзиниот живот не се појавува Скајлар, момче од соседниот град кој е вистински романтичар. Се вљубуваат еден во друг и сѐ е прекрасно, додека не се случи автомобилска несреќа во која Скајлар умира, а Теса преживува. Наскоро таа почнува да верува дека Скајлар се обидува да допре до неа од другиот свет за на нивната љубовна приказна да даде крај каков што заслужува. Дали тоа навистина се случува или сѐ е во главата на Теса? Ќе мора да почекаме уште само еден месец за да дознаеме.