Го играше Миша во „Жикина Династија“ пред Никола Којо и Борис Миливојевиќ: Денес заработува подобро од многу актери

Го играше Миша во „Жикина Династија“ пред Никола Којо и Борис Миливојевиќ: Денес заработува подобро од многу актери

Објавена во: Stars // Филм

И додека ги гледате старите добри филмови од серијата „Жикина Династија“ по којзнае кој пат, среде печење месо или сецкање на руска салата, забележувате како расте ликот на малиот Миша, кој го толкуваат дури тројца актери. За двајца од нив (Никола Којо и Борис Миливојевиќ) имате повеќе информации, а третиот најмалиот, некако ви е најмалку познат, односно за него знаете многу малку информации.

Фановите на „Жикина Династија“ сигурно се сеќаваат на Михајло Јевтиќ, кој го толкуваше ликот на момчето Мишо Павловиќ од делото „Каков дедо, таков внук“.

Кога се снимаше култниот филм Михајло, тогаш имаше пет години и сите беа воодушевени од сцената со неговиот дедо Жика, кој го играше Драгомир Бојаниќ-Гидра.

Иако глумеше во повеќе серии, по филмската серија кои ги освоија срцата на публиката, Михајло денес не се занимава со глума.


Тој денес има 46 години и се занимава со музика, дизајн и развој на веб-апликации и интернет-страници.

Како што досега се пишуваше во медиуми во соседна Србија, благодарение на овие работни места, Михајло си обезбеди повеќе од пристоен живот и заработува повеќе од многу актери. Неговите неодамнешни фотографии може да се најдат на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека тој е скоро непрепознатлив.


Фото: Фејсбук

Фото насловна: Youtube-screenshoot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: