Го користи детето за да ѝ се одмазди на пејачката? Ново поглавје во кавгата со Пике и Шакира
Откако се разделија, помеѓу Шакира и Пике секојдневно доаѓа до нови конфликти, но со овој поранешниот фудбалер отиде предалеку...
Колумбиската пејачка Шакира му замери на својот некогаш партнер Жерар Пике што нивниот син Милан го покажа во емисија во живот, без претходно да се консултира и да побара одобрение од неа.
Како што пренесуваат странските медиуми, нивниот син Милан со татко му учествувал на настан на Твитер организиран од нивниот татко, а во кој се зборувало за Лигата на кралевите, со која раководи пензионираниот фудбалер.
Момчето било природно и ги освои сите гледачи со својата опуштеност и непосредност. Дури и самиот Пике бил изненаден колку неговиот син зборувал добро и колку бил опуштен без оглед на камерите и сите луѓе околу нив.
Сепак, тоа не ѝ се допаднало на Шакира, која тоа јасно го кажа во писмото кое е објавено во бројни светски медиуми.
На неа не ѝ се допаднало тоа што детето е експонирано во јавноста и на социјалните мрежи. Пејачката за тоа претходно не дала согласност, ниту Пике ја прашал што мисли за тоа.
Освен тоа, Шакира не била среќна поради тоа што Милан разговарал за теми што не се прикладни за момче од 9 година.
Изгледа дека Пике ќе мора да најде начин да го реши овој проблем со својата поранешна партнерка, но и дека во иднина ќе мора да постои договор околу тоа кога децата ќе можат и под кои услови да се појавуваат во јавност и на социјалните мрежи.
Пике засега не дава изјава за јавноста, а изгледа дека овој проблем со задоволство би го решил во четири очи, отколку пред медиумите. Дали Шакира ќе бара некоја казна за ова негово однесување останува да видиме, но она што е јасно е дека колумбиската пејачка не сака ова повторно да се повтори.
фото: Принтскрин / Инстаграм