Го напуштил училиштето и заработува од Јутјуб: Данило им помага на они на кои им е најпотребно
Данило Бадњар, попознат како Чода, се снимаше додека посетувал неколку места во Белград и на жителите им давал пари за месечните сметки. Поделил околу 90.000 динари, а на крајот од видеото заплакува од среќа, бидејќи имал можност да направи такво нешто.
„Мојот пријател, кој е камерман и јас посетивме неколку куќи во Крњаќ, а потоа прошетавме до Котеж. На секоја врата на која затропавме, луѓето ни отворија. Беа срдечни и се заблагодарија“ - рече Данило за Инфромер и продолжи:
„Следниот дел го посетивме блокот 23 во Нов Белград. Скоро никој не сакаше да земе пари. Очигледно беше дека станарите на кои наидов беа финансиски постабилни од оние на другите места. Сепак, кажаа парите да ги дадам на оние на кои им се најпотребни“ - заклучува Чода.
Јутјуберот го напуштил средното училиште за да биде гејмер, но подоцна го завршил вонредно. Заработката која ја остварува од клуповите му носи профит.
„Искрено, повеќе се заработува од спонзори отколку од прегледи. Милион прегледи од Србија носат околу 100 долари, што не е многу“ - искрен беше Данило.