Го натера нашиот син да го промени полот за да заработи уште пари: Поранешната сопруга на НБА ѕвездата упати сериозни обвинувања
Прославениот НБА кошаркар Двејн Вејд одговори на обвинувањата од својата поранешна сопруга Сиохвон Фунчес, која тврди дека тој сака да профитира на сметка на нивната трансродова ќерка Заја (15).
Вејд истакна дека не е изненаден со обидот на својата поранешна сопруга да се бори против идентитетот на Заја, но и дека го провлекува неговото име низ кал.
„Разочаран сум со тоа што постојано пронаоѓа начини да стави фокус на себе и своите потреби, без да се грижи за децата. Во текот на годината, ѝ дадов шанса да комуницира со наставниците, докторите и терапевтите на Заја, па и да ги запознае нејзините пријатели, за да ги разбере потребите на своето дете. Таа тоа не сака да го направи“ - вели прославениот 40-годишен кошаркар, нарекувајќи ја својата поранешна сопруга „отсутен родител“.
„Тврди дека е добра христијанска мајка, но не присуствувала на ниту еден рецитал, училишен танц, тренинг, родителска“ - додава.
Вејд истакна дека тој и неговата сегашна сопруга Габриел Јуниор никогаш нема „да ја присилат Заја, ниту било кое од нивните деца да направат нешто што е против нивната волја, а најмалку да им наметнат идентитет“.
„Очигледно е дека некој останал без недвижен имот“ - заклучи тој и посочи дека е на врска со адвокатите.
За потсетување, двојката беше во брак од 2002 до 2010 година, а неодамна Сиохвон јавно проговори за поранешниот сопруг, поради неговите намери и законски да се променат името и полот на Заја.
„Загрижена сум дека Вејд можеби врши притисок на нашето дете да го промени полот, за да ги искористи финансиските можности кои ги добива од компанијата“ - пишува во судските документи до кои дојде „Page Six“, а кои се наоѓаат во рамките на тужбата на поранешната госпоѓа Вејд, која таа ја поднесе две години откако Заја почна да се декпларира како транс.
Заја не само што се декларира како женско, туку и така изгледа. Таа е страствен вљубеник во модата, па е иголем трендсетен и редовен гостин на Модните недели ширум светот.
фото: Принтскрин / Инстаграм