Го обожава својот татко: Јасмин нема слух, но неговата ќеркичка ужива во неговите „таленти“
Хрватскиот портал Miss7mama, организира избор за најдобар татко, односно за Супертатко. Многу мајки ги пријавуваат своите мажи и објаснуваат како тие ја заслужуваат првата награда од ова натпреварување.
Еве како една мајка го опишала својот сопруг Јасмин Миколчевиќ:
„На почетокот да разјасниме некои работи... Нашиот татко апсолутно нема слух, а ни смисла за пеење, танцување, свирење и други слични активности, но тоа воопшто не го ограничува да не „малтретира“ сите во својот „талент“. Нашата девојка го обожава својот татко и неговите „таленти“. Тато најдобро си игра низ дома, кога трчи се тресе се и се плашиме за стаклата на прозорите, тато најдобро си игра со топка, додека бебето умира од смеење, а мама од страв. Таткото и бебето имаат најдобри кореографии на кои дури и Тина Тарнер ќе им подзавиди. Таткото и бебето имата најкул плејлиста.“
И покрај својот „талент“, Јасмин дефитивно е татко покрај кое секое дете би сакало да расне.
Извор: miss7mama.24sata.hr