Го послушала советот на српскиот тиктокер и завршила во болница: Опасни последици од прскањето омекнувач по нејзината кожа
Трендот на ТикТок
за прскање омекнувач на алиштата
ја доведе девојката до ужасен
осип на кожата.
И покрај безбројните опоменувања на корисниците на ТикТок „да не се глупави да го прават тоа, бидејќи можат да си наштетат себеси и на другите“, како и забраните за пристап до апликацијата за деца под 13 години по смртоносниот исход од предизвикот „Blackout“, ТикТок социјалната мрежата не престанува да важи за оние со најопасните предизвици.
Проблемот најмногу лежи кај корисниците кои на популарната апликација гледаат како на форма на популарност и заработка, без да предвидат дека може да предизвикаат сериозни последици за нивните следбеници кои го испробуваат нивниот трик.
Со оглед на распространетоста на апликацијата, минус на гигантската компанија лежи во тоа што не успева да ја контролира мрежата и да спречи масовно ширење на бизарни трендови.
Предизвиците носат лајкови и популарност, како и можност видеото да стане „вирално“, односно да се прошири низ светот.
Така, на социјалните мрежи се прошири бизарен и опасен трик, а тој донел една девојка во болница. Ова се должи на опасна алергиска реакција на омекнувачот.
Набргу потоа, една девојка објави вознемирувачки фотографии од осип на бутовите, тупаниците и целото тело, се затоа што го слушаше трикот на познатиот тиктокер од Србија, Лазар.
Една бјути блогерка, исто така, изрази загриженост на Твитер за овој опасен трик и истакна дека опасните хемикалии од омекнувачите можат да предизвикаат алергии и сериозни реакции на кожата.
Pa nisam pitala za kožu nego garderobu.
— Željka (@opaciceva) February 21, 2022
- Ако сакате да мирисате, ставете парфем, ако сакате да ја помирисате вашата гардероба, исперете ја и ставете омекнувач што се измива - напиша таа и започна полемика, а сите се согласија дека користењето омекнувач на алишта на овој начин е многу опасно.
Фото: ТикТок/Твитер