Го промени имиџот за да не ја препознаваат на улица: Пранешната девојка на Канје Вест не личи на себе

Го промени имиџот за да не ја препознаваат на улица: Пранешната девојка на Канје Вест не личи на себе

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Актерката и модел Џулија Фокс, позната и како поранешната девојка на Канје Вест, во едно интервју објасни зашто се одлучила да го промени изгледот.

Џулија зборува за нејзината нова книга насловена „Down the Drain“, а во едно од последните поглавја од книгата, актерката призна дека мажите повеќе не ја сметаат за привлечна.

-Конечно можам да одам слободно без да се плашам дека ќе ме препознаат, ќе ми довикуваат или ќе ме поздрават. Како да сум го живеела целиот мој живот како роб на машкиот поглед и уживам во оваа новооткриена слобода, напиша Фокс во новата книга.

На прашањето на новинарката дали ѕвездата навистина престанала да се смета себеси за привлечна, Џулија изјавила дека често добива негативни коментари за нејзиниот изглед, бидејќи не им се допаѓа „чудниот“ тенок облик на нејзините веѓи.

-Ми велат дека сум ослабела, дека задникот ми исчезнал, дека веѓите ми изгледаат чудно... Порано бев баш таква: секси девојка. Сега не сум товеќе таа, објасни актерката.

Фото:screenshot/youtube

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: