Го следат милион луѓе, а за неговиот талент пишуваше и Њујорк Тајмс: Кој е Србинот кој го освои ТикТок?
ТикТок е платформа за која полуде целиот свет, а особено за време карантините. Во Македонија има неколку познати ТикТокери, но нашите соседи - Србите, можат да се пофалат со својот претставник на оваа платформа, кој стана популарен дури и во Америка. На ТикТок се претставува како milli2nd, а на својот профил има еден милион следбеници.
Во желбата да остане мистериозен како неговиот идол Бенски и музичката група Дафт Панк, Мили не сака да го открие својот вистински идентитет, туку ги остава делата да зборуваат наместо него. За тоа колку неговата уметност е сериозна, сведочи и интересот на Њујорк Тајмс, кои за него пишуваа на почетокот на оваа година.
@milli2nd Yiken - Priceless Da ROC
Инаку, ова момче е од Смедерево и е родено во 1998 година. Се заминава со музика, а како што веќе кажавме на ТикТок го крие својот идентитет и тоа зад пирамида од огледало.
„Се одлучив да станам огледало и да ги рефлектирам позитивните работи на луѓето околу себе. Она што го можам јас, момче кое никогаш не одел во музичко училиште, а се занимава со музика, тогаш можеш и ти. Целта ми е да ги инспирирам другите да живеат за својата страст, да не паѓаат под притисоците на околината и дека ништо не е невозможно доколку се трудиш секојдневно“ - во интервју за noizz.rs посочи младиот ТикТокер и музичар.
@milli2nd c: @scriptermone ##MedievalTikTok
PYRO - Chester Young & Castion
За да направи профил на ТикТок се одлучил зошто оваа платформа ја видел како можност да пронајде своја публика, бидејќи се уште немало толку голема конкуренција. На оваа социјална мрежа е активен од месец август 2019 година и денес има милион следбеници.
„Искрено не знам како дојдов до оваа бројка. Се трудев да правам што е можно подобри видеа, па затоа претпоставувам дека тоа е причината“ - во една прилика истакна тој.
@milli2nd original sound - Carson.