Го удирала додека спиел, имал модринки и траги од заби: Шокантни детали во врската на Бритни Спирс и Сем Асгари
Светот на шоубизнисот го шокираше веста дека поп пејачката Бритни Спирс се разведува од сопругот Сем Асгари по само 14 месеци брак! Се чинеше дека се совршен пар, а потоа една голема караница изгледаше како фатална за нив.
Се шушкаше и дека пејачката го изневерувала својот сопруг, а како што сега пренесува TMZ, изгледа дека Бритни со години и физички го повредувала својот сопруг.
Еднаш, таа наводно му го повредила окото и му направила модринка додека тој спиел.
Како што откриваат извори блиски до парот , Сем наводно често им се жалел дека Бритни физички го повредувала во текот на седумте години заедно. Често имало караници во кои морало да се вклучи обезбедувањето, но во една прилика обезбедувањето не било на повидок.
Сем тогаш спиел во нивниот кревет кога одеднаш влетака Бритни и почнала да го удира. Според изворот, Сем не и вратил, туку бил шокиран.
Овој наводен инцидент се случил на почетокот на оваа година, токму во времето кога во јавноста се појавија фотографии од Сем Асгари со модринки и траги од гризнување на подлактицата.
Папараците дури го прашале какви модринки има, но Сем се правел дека не знае за што зборуваат и ги замолил да не му пречат.
Тој бил особено загрижен бидејќи неговата славна сопруга била фасцинирана од ножеви. Ги имаше низ целата куќа, па дури и нивната спална соба. Според еден извор, Бритни „била параноична некој да не ја фати па ножевите и требале како заштита“.
Се наведува и дека Бритни била склона да „полуди“ и при најмало нешто, а со таквото однесување знаела да го исплаши својот сопруг.
Сем и Бритни имаа голема карнаица пред неколку недели кога тој ја обвинил за изневерување, што го поттикна неговото барање за развод. Изворите сега тврдат дека тоа едноставно било последната капка во оваа бурна и проблематична врска, пренесува Јутарњи.
Фото:youtube/screenshot