Го засени дури и необичното и шик издание на принцезата Шарлин: 7-годишниот принц Жак е главна тема по прославата во Монако (ФОТО)
Уште на 7 години знае како да привлече внимание...
Во Монако со највисоки почесто на високо државно ниво беше одбележан Националниот ден. Ова е првпат по пандемијата и здравствените проблеми, членовите на семејството да бидат заедно по повод овој празник.
Принцот Алберт за оваа прилика ја избра униформата на карабинерите, полициските сили на кнежевството со бројни медали на предната страна, додека целото внимание го уркаде неговиот син Жак. 7-годишниот принц носеше униформа, слична како на неговиот татко, па со интересниот изглед ја засени дури и принцезата Шарлин.
Фотографијата на која малиот принц позира во униформата ја објави и самата принцеза, со честитките за Националниот ден на сите сограѓани.
фото: Принтскрин / Инстаграм