Го живееше сонот на сите тинејџери на Инстаграм, а потоа откри голема лага
Бајрон Дентон, лондонски Јутубер, познат по неговиот канал tbhbyron, започна да ги објавува своите обработени фотографии на Инстаграм на крајот на јануари оваа година.
На нив, ова 19-годишно момче носи дизајнерска облека и седи на приватен авион, кои беа очекувани активности што може да се видат на профилите на младите богати луѓе, познати личности или влијателни лица.
Сепак, фотографиите на Дентон всушност биле создадени со помош на две апликации за уредување фотографии - FaceTune и PicsArt и Adobe Photoshop Lightroom.
После една недела објавување на обработените фотографии, тинејџерот ја откри вистината во клип на ЈуТјуб кој досега е прегледан над 1,4 милиони пати. Во интервју, влогерот рече дека е „шокиран“ од тоа колку е лесно лажно да си биде богат “.
„Видов многу луѓе како одат на патувања и слично на ваквите социјани мрежи, но јас мислев дека би било кул да се земе поинаков пристап“, рече 19-годишниот. „Отсекогаш сум се прашувал дали причината зошто луѓето се опседнати со познати личности е затоа што тие можат да си дозволат да живеат живот што не секој може“.
Дентон го претвори зелениот кауч во приватен авион со софтвер за уредување фотографии и ги стави на рацете торбите на најпознатите модни марки. Потребни биле околу 45 минути од снимањето за да ги уреди фотките во фотошоп и да ги постира на Инстаграм.
Дентон рече дека повеќето луѓе не забележуваат дека неговите слики биле обработени. Всушност, во текот на неделата на неговиот експеримент, само околу пет лица му испратиле порака и ги коментирале неговите постови, прашувајќи се дали неговите фотографии се вистински.
На крајот, изјави дека неговиот број на следбеници на Инстаграм не се менувал многу на почетокот, а потоа започнало „масовно зголемување“.
„Добив многу пораки од моите пријатели кои ме прашуваа како си дозволам секакви дизајнерски работи и многу коментари од моите следбеници кои прашуваат дали освоив лотарија или нешто“, рече Дентон.