Голема порта и базен: Како изгледа семејниот имот на момчето на Анастасија Ражнатовиќ?
Пејачката и нејзиното долгогодишно момче неодамна купија недвижнина во српската престолнина, а Ражнатовиќ истакна дека тие двајца ќе продолжат да живеат на релација Белград - Нови Сад.
Срцето на пејачката Анастасија Ражнатовиќ го освои младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ, со кој Ражнатовиќ реши по долгогодишната врска да започне заеднички живот во српската престолнина, каде што заедно купија недвижнина. За разлика од градскиот метеж во кој живее Анастасија, семејниот дом на Куљиќ е сместен во мирна населба во Нови Сад со поглед кон Дунав.
Екипата на емисијата „Папарацо лов“ пред неколку месеци го сними имотот на кој живее момчето на Анастасија, а иако камерата не можеше да ѕирне во рајот кој се крие зад големата порта, Ражнатовиќ во една прилика на следбениците им покажа во каков луксуз ужива нејзиното момче.
Пејачката не крие дека родниот град на момчето го обожува колку и Белград и дека во текот на претходните години постојано се движела на споменатите локации.
„Многу ми годи енергијата на Нови Сад. Животот се одвива многу поспоро отколку во Белград, што им пречи на многумина кога ќе дојдат за првпат, а мене тоа ми е голем плус. Белград е многу поголем, побрзо се живее, се нема многу време за ништо“ - раскажа порано Анастасија.
Имено, додека го пиеше првото утринско кафе, младата пејачка покажа дека домот на Куљиќ располага со простран двор и базен.
За потсетување, Ражнатовиќ откри дека неодамна купила стан во српската престолнина каде ќе живее со момчето, но и истакна дека тоа нема да биде нивно постојано живеалиште, бидејќи постојано ќе се движат на релација Белград - Нови Сад.
фото: Принтскрин