Голема промена: ТикТок ја продолжува максималната должина на видеата на платформата?
Тестирани се дури и 10-минутни видеа со мали групи...
Минатата година, ТикТок најави дека ќе ја продолжи максималната должина н асвоите видеа од една на три минути. Од август, гигантот на социјалните мрежи спроведува опсежно бета тестирање на петминутни видеа за различни групи корисници.
Тестирани се дури и 10-минутни видеа со помали групи.
„Wired“ извести за некои информации кои ги дале претставниците на ТикТок по анкетирањето на скоро половина од нивната корисничка база. Она што е откриено е дека корисниците сметаат дека видеата подолги од една минута се стресни за гледање.
Меѓутоа, ТикТок мисли дека корисниците не се во право.
Ако потрошувачите повеќе сакаат пократки видеа, зошто ТикТок би ги продолжувал? Мотивацијата на компанијата очигледно е во зголемувањето на приходите.
Подолгите видеа значат повеќе огласи кои може да се продадат.
Овие промени доаѓаат бидејќи конкурентите на ТикТок неодамна ги лансираа своите платформи за споделување на кратки видеа. Инстаграм ги има „Reels“, Snapchat има „Spotlight“, а Јутјуб има „Shorts“.
На сите овие платформи максималната должина на видеата е една минута.
Со милијарда корисници ширум светот, јасно е дека платформата досега добро работела. Според „Wired“, најверојатно ќе се појави и нова категорија која ќе нуди подолги видеа.
фото: unsplash.com