Голема промена во процесот: Бритни Спирс конечно се обраќа директно на судот
Иако судскиот спор околу старателството над Бритни Спирс се води веќе со години, американската пејачка досег аниту еднаш не му се обратила директно на судот.
Сепак, како што пренесуваат странските медиуми, тоа ќе се промени на 23 јуни.
Адвокатот на Бритни, Семјуел Ингхам оваа вест ја соопшти за тамошните медиуми со што предизвика бурни реакции, бидејќи јавноста конечно ќе остане запознаена со целата приказна за сѐ што се случувало сиве овие години.
За потсетување, според обожавателите, но и некои медиуми, пејачката наводно е притворена во нејзиниот дом, каде што за секој сегмент од нејзиниот живот се грижи нејзиниот татко, кој не само што ги контролира нејзините финансии, туку и прошетките и слично.
Кога беше снимен документарец за сето ова, Бритни на социјалните мрежи рече дека е депресивна со недели поради она што имала можност да го види.