Господ да те благослови со среќа и луѓе кои те сакаат до крајот на животот: Маркијан, синот на Ребека наполни 16 години (ФОТО)
Пејачката Ребека Јанковска - Ристеска е горда мајка на три синови. Вчера, целото нејзино семејство имаше голем повод за славење. Тоа беше 16-от роденден на нејзиниот најстар син Маркинијан.
По тој повод, пејачката сподели неколку фотографии и видеа од роденденската прослава. Оваа прилика ја искористи и јавно да му ги посака своите искрени желби на првородениот син.
„Најсреќниот ден на Маркијан. Прекрасен роденден мил мој. Ви благодариме на сите што дојдовте на нашата забава. Да си среќен! Господ да те благослови со среќа и луѓе кои те сакаат до крајот на животот! Среќен Роденден! Среќен именден,утрешен Св.Маркијан!“ - напиша пејачката Ребека покрај фотографиите и видеата од роденденската забава.
фото: Принтскрин / Фејсбук