Господин: Пресладок самојед обожува замрзната лубеница, а начинот на кој ја јаде ќе ве воодушеви (ВИДЕО)
Замрзнатата лубеница му ја сервираат во чаша, исто како на вистински човек...
На кучињата, без проблем им оди од рака да бидат преслатки, а сите уживаме во тоа. Особено кога ќе ги „уловиме“ во некоја неспецифична поза или ситуација.
Топлината не не погодува само нас, туку нашите крзнени пријатели, кои исто како и ние, обожуваат да се разладат и да уживаат во некоја замрзната ужинка.
Кучето Оди е преубав самојед, кој за време на летото, најмногу сака да лиже замрзната лубеница.
На Инстаграм профилот „9GAG“ се појави видео во кое можеме да видиме како Оди ужива во оваа замрзната ужинка и тоа како вистински господин.
фото: Принтскрин / Инстаграм