Хана пееше на „Златно славејче“, Натали танцуваше балет: Што правеа децата на познатите овој викенд? (ФОТО)
Децата на познатите овој викенд беа навистина активни...
Деновите од викендот сите ги користиме за релаксација и опуштање, а најмногу за да ги правиме работите што најмногу ги сакаме. Некои од нас се посветуваат на своите хобија, други пак се дружат со семејството, трети слават роденден, а некои се насочени кон професионални успеси.
Ништо поразлично од ова не се ниту децата на познатите ѕвезди. И тие, како сите нас, ги прават некои од овие работи, а ние се потрудивме да ги издвоиме најинтересните:
# Ќерката на Натали Грубовиќ
Наследничката на најпознатата лото девојка, малата Натали овој викенд беше посветена на своето хоби. Имено, таа се занимава со балет, а овој викенд имаше настап. Гордата мајка не ја криеше среќата и гордо ја сподели својата наследничка на стори на Инстаграм.
# Ќерката на Андреј од ДНК
Јана, ќерката на Андреј од ДНК овој викенд славеше роденден, а тато Андреј по овој повод сподели фотографија со своето семејство. Тој и неговата сопруга позираа покрај нивната ќерка, која во рацете држи балон со бројот 7 (годините кои ги полни).
# Ќерката на Тамара Тодевска
Малата Хана, овој викенд заплови во музичките води. Имено, таа настапи на детскиот фестивал „Златно славејче“, а поддршка на овој ден, покрај нејзината мајка и брат, ѝ беа и тетка ѝ Тијана, како и нејзиниот син, Вук.
# Ќерката на Живкица Каленикова
Познатата ТВ водителка овој викенд беше на прослава, на која друштво ѝ правеше нејзината ќерка Ана. Од оваа забава, водителката сподели фотографија на која танцува со својата ќерка и на своите следбеници и даде до знаење дека и двете одлично се забавувале.
# Синот на Андријана Алачки
Пејачката сподели фотографија на Инстаграм, на која позираат таа и нејзиниот син Благоја, со која откри дека биле гости на свадбена веселба. И двајцата изгледа дека внимателно се подготвувале за оваа прослава, бидејќи се скоцкани од глава до петици.
Р.Х.