Хари и Меган станаа родители по вторпат: Ќеркичката ќе ги носи имињата на двете најпопуларни жени од кралското семејство
Среќните вести пристигнаа од Калифорнија...
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го добија своето второ дете, се вчера роди нивната прва ќерка.
Имено, според Би-Би-Си, Арчи официјално стана постар брат, а според последните информации, и Меган и бебето се во добра состојба.
- Со голема радост, принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, ја поздравуваат својата ќерка Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатн - Виндзор.
Лили е родена во петокот, на 4 јуни во 11:40 часот и за неа се грижат лекарите и персоналот во Вилинската болница Санта Барбара во Санта Барбара, Калифорнија - се наведува во официјалното соопштение.
Принцот Хари и Меган Маркл изјавија дека на својата ќерка ѝ го дадоа името Лилибет по прекарот на кралицата Елизабета Втора, прабабата на бебето.