Хилари Даф е навистина креативна: Дали ова e најоткачената божиќна честитка помеѓу познатите? (ФОТО)

Хилари Даф е навистина креативна: Дали ова e најоткачената божиќна честитка помеѓу познатите? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Актерката ги насмеа следбеници на Инстаграм...

Секоја година, познатите ѕвезди на социјалните мрежи објавуваат честитки за Божиќ, кои најчесто вклучуваат и семејна фотографија пред елката.

Но, актерката Хилари Даф, оваа година имаше малку поинаква идеја за заедничката семејна фотографија.

На честитката, Хилари и нејзиниот сопруг Метју Кома, се врзани со сијалички и имаат залепено лента преку устата, додека нивните деца јадат колачиња и се смеат.

„Среќни празници“ и „Не е сѐ така мирно“ - пишува во левиот и десниот агол од честитката. Актерка ѝ се заблагодари на фотографката Лаура Мол, која го овековечи овој момент.

Честитката предизвика воодушевување на Инстаграм и еден тон позитивни коментари од следбениците.

Инаку, Хилари и Метју имаат две деца - Бенкс Вајолет и Меј Џејмс и синот на Хилари од првиот брак - Лук.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: