Хит видео од домот на Сара Мејс и Димитар: Безбедносните камери го овековечија моментот на кој се смее цел Инстаграм
Безбедноста некогаш може и да ве насмее...
Познатата двојка, пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски е една од најактивните познати двојки на социјалните мрежи. Тие постојано споделуваат детали од приватниот живот, а овој пат пејачката дефинитивно ги насмеа своите следбеници.
Имено, таа сподели видео од безбедносните камери на нивниот семеен дом во Пинтија. Иако истите се ставени од безбедносни причина, сепак некогаш знаат да послужат и да ги насмеат, а тоа ги насмеа и нејзините следбеници.
Инаку, на видеото се гледа како Сара седи на столче, додека во скут и е нејзината ќерка Илина. Додека си уживаат во разговорот, ткаенината на столчето во еден момент пука и кине, по што мама Сара завршува на земја.
На помош на пејачката ѝ приоѓаат ќерката Илина и нивното милениче Арон.
Најинтересниот момент од целото видео е Кирил, помалиот син на Сара и Димитар, кој за целото време седи мирно во својата количка и следи што се случува околу него.
Целото видео од овој помалку комичен момент, може да го погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм