Ѝ излезе низ нос првиот настап: Беквалац по една година запеа пред публика, а потоа полицијата ги евакуираше посетителите

Ѝ излезе низ нос првиот настап: Беквалац по една година запеа пред публика, а потоа полицијата ги евакуираше посетителите

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Наташа Беквалац вчера конечно застана на сцена по пауза од една година...

Наташа Беквалац вчера, по една година пауза поради коронавирусот, запеа во Белград, но настапот беше прекинат, бидејќи сплавот почнал да тоне, пишуваат српските медиуми.

Сплавот на кој настапувала, во еден момент почнал да тоне поради голем број на луѓе кои биле на него, па настапот бил веднаш прекинат.

Обезбедувањето се погрижило сите веднаш да бидат евакуирани, односно да бидат надвор од сплавот поради нивна безбедност. 

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот, а за среќа никој не бил во опасност, бидејќи само едниот дел од сплавот почнал да се ниша, а подоцна и да тоне.

фото: Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: