И покрај големата љубов: Аријана Гранде се разведува од сопругот по две години брак
Пејачката Аријана Гранде и нејзиниот сопруг, агентот
за недвижнини Далтон Гомез, се разделија бидејќи сфатија дека не можат да
функционираат во „светот по Ковид“, се вели во новото соопштение.
Откако во Холивуд се случи разводот на познатата актерска
двојка Софија Вергара и Џо Манганиело, од сопругот се разделува и популарната
пејачка Аријана Гранде.
Тие тврдат дека биле „сè“ еден на друг за време на пандемијата, но кога беа укинати ограничувањата по коронавирус, нивните разлики почнале да стануваат поочигледни.
Од друга страна, Гомез уште еднаш се соочи со фактот дека Аријана е славна личност, бидејќи немаше такви „проблеми“ додека беа во изолација.
Изворите тврдат дека Гомез се прашувал зошто на Аријана и е потребно обезбедување за да излезе во јавност, што е од суштинско значење за поп-ѕвездата, пренесува TMZ.
Бракот, наводно, почнал да се распаѓа кога Гранде заминала за Англија во декември за да започне со снимање на филмската адаптација на сценската класика Викед, каде што ја игра Глинда - добрата вештерка.
Двојката веќе се разделила во јануари и се вели дека живееле „одвоено“ до мај, кога решиле да и дадат уште една шанса на врската.
Тие беа заедно само две недели тој месец пред конечно да одлучат да се разделат три и пол години откако првпат почнаа да се забавуваат, пишува Дејли мејл.
Аријана и Гомез првпат беа забележани заедно во Бар Луи во Нортриџ, Калифорнија во јануари 2020 година, а Гранде ја објавија својата свршувачка непосредно пред Божиќ истата година.
Тие се венчаа во мај 2021 година, а нивните фотографии на Инстаграм од свадбата станаа едни од најлајкуваните во историјата на платформата со над 25 милиони лајкови.