Илон Маск го испровоцира Џеф Безос: „Војна“ помеѓу милијардерите на Твитер
Прашање на време беше за кога ќе се случеше нешто вакво...
Вселенската трка на двајцата најбогати луѓе во светот доби нови димензии, откако сопственикот на компанијата Тесла, Илон Маск, ги исмеа обидите на Џеф Безос да го оспори неговиот голем договор со НАСА.
Ројтерс објави дека двајцата милијардери, кои се обидуваат да лансираат орбитални ракети со долг дострел, биле конкуренти за договорот со американската влада во врска со изградбата на вселенски брод што ќе превезува астронаути на Месечината, можеби во 2024 година.
Маск го доби договорот, а Безос не беше задоволен од ваквиот исход, а неговата компанија „Blue Origin“ се пожали во надлежната владина канцеларија во понеделникот, обвинувајќи ја американската вселенска агенција НАСА дека ги променила на условите за конкурсот во последен момент.
Маск, кој раководи со аеронаутичката компанија „Спејс Икс“, му одговори јавно со порака на Безос, а која дополнително не ја објасни.
„Не можете да се кренете (да орбитирате), јас умирам од смеа“ - напиша Маск.
„Blue Origin“ заостанува далеку зад „Спејс Икс“ и „United Lunch Alliance“ (ULA) во орбиталниот транспорт и поради тоа, изгуби милијарди долари на американски договори од областа на националната безбедност, чија реализација ќе започне во 2022 година.
фото: EPA / BRITTA PEDERSEN, EPA / Michael Reynolds