Има 21 година, а се облекува и живее како да е во 80-тите: Денешните стилови на облекување се здодевни

Има 21 година, а се облекува и живее како да е во 80-тите: Денешните стилови на облекување се здодевни

Објавена во: Мода // Moj стил

Девојка од Њујорк поголем дел од својот живот му има посветено на стилот од крајот на минатиот век...

Најситни локни, флуросцентни маици, длабоки фармерки и искинати дуксери со отворени рамена - сето тоа е дел од стилот на 80-тите, па некои стануваат носталгични, а некои пак се ежат од тогашниот стил.

Меѓутоа, Вајолет Скај, 21-годишна девојка живее како да е во 80-тите и воодушевува со своите фризури, уредување на домот и модни комбинации.

@glitterwave80s It’s really shocking sometimes  #80s #1980s #80smusic #ohgreatheavens #PawlidayPics #SimsSelves WHY ARE PEOPLE USING MY SOUND - Aries/iivseii

Музиката, стилот на облекување, фризурата, домот - сѐ во нејзиниот живот изгледа како што изгледало пред 40 години. Вели дека растела во љубов кон ретро работите.

Нејзината густа кадрава коса, сина сенка за очи, искинати фармерки и ретро фотографии привлекоа големо внимание, па брзо стана популарна на социјалните мрежи како ТикТок и Инстаграм, на кои со луѓето споделува повеќе за себе.

Откри дека е голема обожавателка на бендот „Дуран Дуран“, Рик Спрингфилд, касетите и старите филмови.

„Мајка ми растела во 60-тите и 70-тите и кога ги гледав нејзините фотографии, ме инспирираше да го пронајдам својот стил и да се ослободам. Го изгледав филмот под назив „Girls Just Wanna Have Fun“ од 1985 година и помислив дека сето тоа е многу кул. Потоа почнав да гледа повеќе филмови од 80-тите и да слушам музика од тоа време. Собирам работи од 80-тите и размислував, зошто да не почнам и да ги облекувам. Тоа некако прерасна во оваа огромна опсесија и еве ме сега“ - кажа оваа млада девојка за „TueNight“.

@glitterwave80s Thrifting trip in the city today with my best friend @marielle5887 !! Got so much cool stuff #80s #80sfashion #thrifting #80schallenge #martika original sound - Violet Sky

„Скоро сѐ купувам на старо, одам во „second hand“ продавници или ги нарачувам преку eBay и Depop. Една работа уште не можам да пронајдам и да биде во мој стил - автомобил. Иако, најверојатно и не е ни паметно да го купам, бидејќи сигурно ќе се расипува.“

Модерна музика не слуша, смета дека музиката од нејзиниот омилен период е многу покреативна и поквалитетна.

@glitterwave80s WHAT’S A GIRL TO DO IS OUT NOW!! #80s #80smusic #GEICOGiveHappy #FFXmasSwitch #80schallenge What’s a Girl to Do - Violet Sky

Вели дека пријателите не ја разбираат, но на неа денешниот стил на облекување, едноставно ѝ е здодевен.

„Ме интересираат различни работи. Обично траат година - две и потоа тоа некако ми здосадува. Но, во оваа фаза сум веќе четири години. Многу е забавно“.

фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: