Има 8 години, а облечена е поскандалозно од сите Кардашијанс: Шок издание на Норт Вест, ја засени и тетка ѝ Кортни (ФОТО)
Семејството Кардашијан прави хаос каде и да се појави, па така и овој пат. Сите членови на семејството моментално се во Италија, каде по трет пат се венчаа Тревис Баркер и Кортни.
И додека сме навикнати возрасните Кардашијан да не‘ шокираат со нивните комбинации на облека и однесување, овојпат целото внимание го украде ќерката на Ким Кардашијан, Норт.
Осумгодишно девојче фрли сенка дури и на невестата, која беше многу бизарно облечена на церемонијата пред венчавката - во краток црн фустан со икона напред и црн превез со сина чипка.
Но, кога ќе видите како беше облечена Норт, ќе заборавите на сите останати скандалозни модни изданија на постарите Кардашијан.
На фотографиите направени во Италија, Норт ја држи мајка си за рака, облечена во розови панталони од тантела, маица и кросет во иста нијанса и бунда, додека целиот изглед прикладен за некоја четириесет годишна жена го „зачини“ со чанта.
Со оваа комбинација на облека (за среќа) Норт носеше бели патики, додека долгата коса и била исплетени во плетенки.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, луѓето се прилично шокирани од модното издание на ќерката на најпознатата старлета, а повеќето се согласуваат дека оваа облека е несоодветна за осумгодишно дете.
Што мислите вие?
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Инстаграм профил - Кортни Кардашијан