Има логика: Обожавателите на Кајли Џенер сметаат дека ја откриле причината зошто му го сменила името на синот Волф
Минатиот месец, Кајли Џенер откри дека таа и нејзиното момче Тревис Скот добиле момче и му го дале името Волф. Тие двајца последните месеци се држеа далеку од социјалните мрежи, но Кајли ги воодушеви следбенциите кога во понеделникот сподели видео на Јутјуб посветено на својот син. Меѓутоа, набрзо откако беше споделено видеото, манекенката на својот Инстаграм профил сподели стори во кое напиша дека нејзиниот син повеќе не се вика Волф.
„За ваша информација, нашиот син повеќе не се вика Волф. Навистина не се чувствувавме како тој да е тоа. Само сакав да го споделам ова, бидејќи постојано гледам Волф насекаде“ - напиша таа. Непотребно е да се каже дека луѓето беа збунети од нивната изненадна промена, па сега постојано се шпекулира зошто Кајли се предомислила откако на светот му го кажа името на својот син. Додека некои прашуваат дали му го примениле бидејќи Волф не добил позитивна онлајн реакција, други брзо истакнаа дека не се предомислила откако името на нејзината ќерка, Сторми, доби различни критики кога беше објавено во 2018 година.
Вниманието потоа се насочи кон една од најдобрите поранешни пријателки на Кајли, Тами Хемброу, која даде низа сомнителни коментари за името Волф, откако Кајли го откри. Инаку, манекенката престана да ја следи Тами на социјалните мрежи откако беше поврзана со нејзиното поранешно момче Тајга. Тами секогаш инсистираше на тоа дека таа и Тајга се „само пријатели“, но исто така потврди дека неговата експлицитна песна „Uno“, била за неа.
Кајли не се огласи јавно за целата ситуација со поранешната пријателка, но изгледа тоа имало долготрајни последици откако беше сугерирано дека ја ископирала Тами кога му го дала името на својот син. Тами веќе има 6-годишен син кој се вика Волф, како и ќерка по име Саскиа, и изгледа дека не сакала Кајли да го заборави тоа кога минатиот месец го најави доаѓањето на својот син. Само неколку часа по објавата на Кајли на Инстаграм на 11 февруари, Тами објави фотографија со синот и напиша „Мојот Волф“.
Сега луѓето веруваат дека нејзиното постојано исмевање за тоа дека својот син прва го нарекла Волф е причината поради која Кајли одлучила да му го промени името на синот. Ријалити ѕвездата не одговори јавно на ниту еден коментар на Тами на социјалните мрежи и не објасни зошто таа и Тревис го смениле името на наследникот.
фото: Принтскрин / Инстаграм