Има над 730.000 следбеници на Инстаграм: Потроши милиони за да личи на Ким Кардашијан

Има над 730.000 следбеници на Инстаграм: Потроши милиони за да личи на Ким Кардашијан

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Порано беше важно да се биде посебен ...

Чали Д.Н., која живее во Лондон, потроши околу милион фунти за да личи на Ким Кардашијан, пренесува CdM.

Таа исто така сака да троши на дизајнерска облека и додатоци, а својот младешки изглед го одржува со ботокс и филери и признава дека нејзиниот пластичен хирург побарал од неа да направи пауза.

Во интервју за „Truly“, таа откри дека сфатила дека изгледа како Ким Кардашијан штом ги видела нејзините фотографии.

„Почнав да ја следам и мислев дека личи на мене“, рече таа, додавајќи дека тие имаат сличен стил и сè што ќе види на неа, сака и таа да го носи.

Повеќе од 4.000 фунти Чали потрошила на фустанот што го носела Ким, додека за палтото дала околу 7.000 фунти. Сепак, се чини дека нејзината најголема опсесија се чантите, на кои, како што вели, потрошила вистинско мало богатство.


- Јас секогаш морам да ги менувам за да бидам во чекор со Кардашијанс - рече таа и додаде дека е инфлуенсер, па затоа мора да ги следи трендовите.

- Морам да ја менувам облеката секоја сезона, па потрошив цело богатство. Пријателите и семејството ми велат да забавам. Толку многу потрошив на облека и изглед што секогаш се грижат - истакна Чали.

Ѕвездата на Инстаграм со повеќе од 730.000 фанови вели дека инвестицијата се исплатила.

- Луѓето постојано ми велат дека изгледам како Ким. Секој пат кога ќе ме видат на улица, на забави или каде било. Тие секогаш ме запираат за фотографирање, навистина ми се допаѓа вниманието - додаде таа, пренесува CdM.


Како што вели, споредбата со Ким никогаш нема да и здосади.

- Таа е најубавата жена на светот. Таа е деловна жена и е паметна. Таа е икона - категорична е Чали.

Иако планира да продолжи со козметички процедури со цел да го задржи својот изглед, таа вели дека не ја копира Ким намерно, туку дека изгледа природно.

„Немав операција за да изгледам како Ким, само ботокс и филери а тоа го прават сите“, заклучила таа.


Фото: Profimedia/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Ким Кардашијан се потсети на детството: Со Кортни позираат во слична модна комбинација

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: