Има само седум години, а 22 милиони долари на сметка: Малиот Рајан е најбогатиот јутјубер во моментов!

Има само седум години, а 22 милиони долари на сметка: Малиот Рајан е најбогатиот јутјубер во моментов!

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Навидум е обично момче кое како и секое друго седумгодишно дете сака да си игра со играчки, но она што е фасцинантно за него е фактот што тој на својата сметка има 22 милиони долари.

Ако се прашувате како ова е одговорот – тој на својот јутјуб канал „Рајан тојс ревју“ секојдневно објавува видеоснимки на кои оценува различни играчки. Токму овие оценки на малиот Рајан му донесоа неверојатана заработка од 22 милиони американски долари.

Магазинот „Форбс“ објави дека малиот Рајан со својот канал „Рајан тојс ревју“ го надминал во заработката и јутјуберот Џејк Пол и тоа за 500.000 долари.

Видеа на Рајан на Јутјуб имаат неверојатна гледаност, а кога еден новинар на „Еј-би-си“ го прашал зошто децата ги сакаат неговите снимки, Рајан одговорил: „Затоа што сум забавен и смешен!”



Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: