Инфлуенсер се пофали дека за еден ден троши 1.700 евра, па предизвика гнев кај јавноста: Заврши на столб на срамот (ВИДЕО)
Многумина продолжуваат да се прашуваат од каде има толку пари...
Андреја Андрејиќ, на социјалните мрежи попознат како @styleofandrew, често сподели бројни детали од своето секојдневие, совети за убавина, здравје... Бидејќи е доктор, покрај медицината, модата му е голема страст, а на своите профили на соцјалните мрежи „покрива“ и козметика, и од време на време споделува дури и рецепти за извесни препарати, на пример, за подобра коса и побрз раст на истата.
Меѓутоа, со најновото видео на ТикТок предизвика гнев кај јавноста, со тоа што се фалеше со скапата прошетка во Виена. За само еден ден како од шега потрошил 1.700 евра, нешто што поголем број луѓе на негови години не се во можност да го направат.
За гориво платил 170 евра, отприлика исто толку за паркинг, па за 5 ноќевања во престижен хотел околу 1.200, одењето на настапот на пејачката Јелена Карлеуша го чинело 150 - набројуваше тој, а кога сподели и што си купил, на некои луѓе им се слоши.
@styleofandrew so far, so good IG: @styleofandrew #styleofandrew Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
Сега е на столб на срамот. Негативните коментари ги фрлија во сенка позтиивните пораки.
„Од каде ти се парите?“, „Симболични 610 долари? Дали се дрогираш?“ - се само дел од коментарите кои му ги оставаа покрај видеото.
@styleofandrew Da li smo za jedan ne baš tako MINI HAUL? IG: @styleofandrew #styleofandrew Chopin Nocturne No. 2 Piano Mono - moshimo sound design
фото: Принтскрин / ТикТок