Инфлуенсерка своето тело го снимала секој ден: Сѐ со цел да покаже колку се минува од ден на ден
Ова е инфлуенсерка како која треба да има многу повеќе...
Еден ден ќе застанеш пред огледалото и ќе се чувствуваш како супер модел, а веќе утредента ќе имаш чувство дека си дебела и дека изгледаш грозно. Оваа инфлуенсерка сака да ја рашири пораката дека тоа е сосема нормално и дека телото не ни изгледа исто секој ден.
Бри е инфлуенсерка која на Инстаграм е позната по тоа што шири позитивни пораки и дека на своите следбеници им ја покажува реалната страна од сѐ што ја опкружува. А, најмногу изгледот. Тоа што на некои фотографии изгледа топ, не значи дека секогаш изгледа така. Пред неколку дена објави едно видео кое треба да го погледне секој кој има проблеми со прифаќањето на тоа како му изгледа телото.
Многу девојки се борат со ова поради стандардите кои ги постави општеството. Фактот што на згодните девојки на Инстаграм телото секогаш им изгледа беспрекорно, може да влијае на самодовербата. Вистина е дека така не изгледаат секој ден, а Бри одлучи да им го докаже тоа на сите, со тоа што го снимала своето тело секој ден во текот на една недела.
Резултатот е дека телото не изгледа секогаш исто како претходниот ден. И тоа е во ред, бидејќи тоа не ни може (ниту мора) секој ден да изгледа совршено. За тоа како изгледа зависи од многу работи, од тоа под колкав стрес си, колку имаш спиено, што имаш јадено, кој ден од месецот е и дали имаш менструација, колку вода имаш пиено претходниот ден... Затоа некои денови ќе се чувствуваш удобно во своја кожа, а друг можеби ќе носиш широки маици.
Затоа предупредува да не веруваш на сѐ што ќе видиш на Интернет, бидејќи никој нема да објави фотографија од оние денови кога не се чувствува убаво. Поради тоа изгледа дека тие девојки се секогаш совршени, а во реалноста, само ги премолчуваат оние лоши денови.
фото: breeelenehan / Instagram