Инстаграм ја претстави „Reels“ - својата копија на ТикТок

Инстаграм ја претстави „Reels“ - својата копија на ТикТок

Како што пред неколку години ја украде идејата на Snapchat, Инстаграм продолжува да краде идеи од конкуренцијата и тоа без срам. Овој пат, ја претстави новата апликација Reels, што претставува нивен одговор на ТикТок.

Reels им овозможува на корисниците да креираат видео во траење од 15 секунди, а потоа да го украсат со различни визуелни и звучни ефекти.

Овој додаток на Инстаграм од вчера е достапен во над 50 држава (Македонија се уште не е на листата земји каде што може да се користи овој додаток). До него се пристапува преку камерата на Инстаграм, а секое видео кое ќе го снимите, ќе се појави на вашиот профил во нов таб.

Покрај објавите, содржината од Reels, корисниците ќе може да ја споделуваат и директно на „Иста сторињата“.


Новиот додаток на Инстаграм пристигнува во вистински момент - ТикТок е на работ да добие забрана во Соединетите Американски Држави, каде што има над 80 милиони корисници, а во Индија е веќе некое време забранет.


Можеби ќе ве интересира: