Инстаграм ќе ги сокрие бројот на лајкови на објавите?!

Инстаграм ќе ги сокрие бројот на лајкови на објавите?!

Ова е навистина голема промена – секако, доколку се вовде и кога ќе се воведе.

Инстаграм наводно, ќе внесе сериозни промени и тоа токму во подрачјето кое на многумина им е најважно на овие социјални мрежи – лајковите! Имено, компанијата размислува потполно да го сокрие бројот на лајкови кои некоја личност ги има, јавува Mashable.

Наместо бројот на лајкови, сопственичката Jane Manchun Wong откри дека ќе ти ги пишува имињата на неколку личности кои ставиле лајк и во продлжение „и други“.

„Сакаме нашите корисници да се сконцетрираат на она што се објавува, а не на тоа колку лајкови имаат објавите“, кажаа од Инстаграм. „За време на тест периодот, само личноста која го објавила постот ќе го гледа бројот на лајкови“.

Иако уште не одлучиле кога ќе се тестира оваа опција, порачаа дека размислуваат како да намалат притисокот кој на Инстаграм се чувствува поради лајковите.  

Можеби ќе ве интересира: