Инстаграм тивко отстрани некои опции: Минималниот лимит за користење на апликацијата сега е 30 минути
Ги сакате социјалните мрежи, но сметате дека не е здраво да поминувате премногу време на нив? Инстаграм до сега имаше опција за подесување на дневниот лимит на користење, каде можевте да изберете опција за да го ограничите времето поминато на апликацијата на само 5 минути дневно.
Инстаграм тивко ја отстрани оваа опција и сега најкраткото време кое може да го изберете е 30 минути.
Според последните извештаи, луѓето кои досега ги поставувале лимитите од 5, 10 или 15 минути дневно, сега пријавуваат дека таа опција повеќе не постои.
По ажурирањата, најкраткиот лимит велат дека е 30 минути, а социјалната мрежа сега ги охрабрува корисниците да ги ажурираат своите апликации.
„The Verge“ ги теститраше моментално достапните опции и тие се 30 минути, 45 минути, еден час, два часа и три часа.
Инстаграм оваа опција за ограничување на времето поминато на апликацијата ја воведе во 2018 година, а претставниците на компанијата тогаш кажаа дека се посветени на корисниците и дека сакаат времето кое го поминуваат на истата да биде „добро потрошено време“.
Овие опции се воведени како одговор на критиките кои технолошките компании ги добиваат поради влијанието на нивните производи врз благосостојбата на клиентите.
Оваа „посветеност на корисниците“ судејќи по сѐ не е во слоп со најновата одлука да се отстранат опциите со пократок лимит.
фото: unsplash.com