Искрена исповед на принцот Хари: Проговори за кавгата со Вилијам
Хари конечно проговори за наводната караница помеѓу него и брат му Вилијам.
Веројатно веќе читавте за тоа дека принцовите Хари и Вилијам не се во најдобри односи. Во последно време многу се зборува за нивните кавги, а сега Хари конечно одговори на прашењето кое сите не интересира: Дали навистина се скарани?
Имено, во Ирска се емитуваше документарецот 'Harry & Meghan: An African Journey' па принцот ја искористи можноста да ги расчисти недоумниците на јавноста, јавува Her.
„Дел од оваа улога и оваа работа е големот притисок под кој сме сите ние па е неизбежно да се случуваат разни работи. Но, ние сме браќа и секогаш ќе бидеме браќа. Очигледно е дека моментално патиштата ни се разминуваат, но секогаш ќе бидам тука за него, а знам и дека тој ќе биде тука за мене“ - рече прицот.
Изгледа работите помеѓу нив сепак не се толку сериозни, бидејќу Хари го заклучи следното: „Знаете, како браќа имате добри денови и лоши денови“. Па, тоа е најнормално во било кое семејство, па така и во кралското.