Испеа еден од најголемите хитови на Тоше: Струмичанката Драгана Костова и по „Ѕвездите на Гранд“ освојува со својот глас (ВИДЕО)
Младата пејачка Драгана Костова, која публиката ја запозна во минатата сезона од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ неуморно работи на својот вокал.
Иако веднаш го освои регионот со својот раскошен глас, таа не успеа да стигне до финалето на шоуто. Годините и неискуството си го направија своето, но тоа не ја спречи Драгана да се занимава со музика.
Имено, таа своите профили на социјалните мрежи често споделува видеа на кои изведува песни од познати пејачи, а последен во низата кавери ѝ е оној за една од најпознатите песни на нашиот непрежален ангел, Тоше Проески.
Младата струмичанка во придружба на гитара ги разнежни сите со српската верзија на песната „Боже, чувај ја од зло“.
За маестралната изведба доби безброј позитивни коментари, како и лајкови, кои се доказ дека е на добар пат.
фото: Принтскрин / Инстаграм