Исповед која го расплака регионот: Тато многу викаше на мама, па ја повлече за коса
На порталот ispovesti.com се појави сведочење на една жена од Хрватска која опиша ужасна случка кај лекар. За жал, ваквите ситуации во кои е застапено семејното насилство ги има и во Македонија, Србија, Бугарија, Америка... а, најчесто во нив најповредени се оние кои сакале да помогнат.
„Денес бев со ќеркичката кај ортопед и до нас седеа две момчиња. Искинати кондурчиња, голема коса, дупчиња на облеката. 'Мама не е тука бидејќи мораше да го однесе тато дома, бидејќи тој викаше на неа зошто мора да чека да дојде на ред, потоа мама плачеше и тој ја повлече за коса, па го однесе дома'. Точно со овие зборови ми објасни помладиот од нив додека чекаа сами. Госпоѓата во близина само додаде: 'Ќе се врати таа'. Останав згрозена. Со рамнодушноста на останатите во чекалната, тагата во очите на еден 7 - годишник и начинот на кој 3 - годишно дете ја раскажа случката која не би требало да се случува. Отидов во пекарата и им купив сендвич и сокчиња. Малиот си играше заедно ќерка ми, а постариот брат не сакаше да каже ништо, освен - 'Благодарам за сендвичот'. Кога мајката дојде и кажав дека не мора да биде така, да побара помош поради децата, дека ќе и помогнам доколку сакам. Ми рече да не се мешам. Молчев. А, барем да повикав социјален работник...“
Оваа исповед предизвика голем број на коментари, но и покажа на човековата немоќ, бидејќи личноста која пробува да помогне е окарактеризирана како некој кој се меша во туѓите животи.
Затоа не живејте со овие стереотипи. Помогнете му на вашиот пријател да има нормален живот, како и вие. Посоветувајте го. Разговарајте со него доколку забележете нешто слично и во неговото однесување.
Семејното насилство е најлошо, бидејќи од него тешко се излегува. Треба многу упорност и храбост. Не дозволувајте вие или вашите сакани да бидат жртви на истото.