Исповед на мајката на покојната Кика Ѓукиќ: Вечерта ме праша дали можам да земам кредит за да купиме стан

Исповед на мајката на покојната Кика Ѓукиќ: Вечерта ме праша дали можам да земам кредит за да купиме стан

Објавена во: Совети // Семејство

Наташа Ѓикиќ неодамна ги доби личните работи на нејзината ќерка, но не сите, бидејќи, како што вели, истрагата е уште во тек...

Наташа Ѓукиќ, мајката на инфлунсерката Кристина Кика Ѓукиќ, која изврши самоубиство пред шест месеци во својот стан во Белград, во екслузивна исповед, за првпат проговори за смртта на ќерка ѝ.

Наташа Ѓикиќ неодамна ги доби личните работи на нејзината ќерка, но не сите, бидејќи, како што вели, истрагата е уште во тек.

„Никаде го нема нејзиниот дневник. Во него пишуваше сѐ, а телефонот сѐ уште е во обвинителството. Некој го изгаси нејзиниот профил еден ден пред нејзината смрт и прв на него објави дека починала. Уште не знам кој го направи тоа. Многу работи се нејасни во врска со нејзината смрт и чекам истрагата целосно да заврши. Имам причина да верувам дека Кика немала намера да се убие. Дури и да имала, таа не би го направила тоа на мојот роденден“ - ја започнува приказната неутешната Наташа Ѓукиќ за „Информер“.

Наташа за првпат раскажа што се случувало 24 часа пред да дознае дека нејзината најмлада ќерка починала.

„Последен пат со неа се слушнав на 7 декември околу 23:36 часот, ме праша дали можам да ѝ ја платам станарината за јануари, а порано истиот ден ме праша дали можам да земам кредит за да купиме стан... Таа вечер, подоцна тоа го видов од сметката, ја платила храната која ја нарачала од 2 до 4 часот наутро. И сега се прашувам дали личност која планира да купи стан, истовреме планира и да се убие.

Во текот на разговорот се договаравме следниот ден да дојде да го прославиме мојот роденден. Ми кажа дека сѐ ќе се договориме кога ќе се разбуди, но тоа не се случи“ - раскажува неутешната мајка и додава дека Кика воглавно била будна навечер и дека преку ден спиела подолго.

Наташа раскажа дека добила повик од другарката на Кика, која ѝ го честитала роденденот и ја известила дека ќе оди кај нејзината ќерка, па дека заедно ќе дојдат на роденден. Меѓутоа, Кика не одговарала на пораките.

„Тој ден залудно ѝ испраќав пораки на Киак, но одговори немаше, не ни насетував што се случува. Планирав со мојата најдобра другарка околу 20 часот да одам во станот кај Кика, со храна, доколку таа не може да дојде“ - се присети Наташа и во еден здив додаде дека во моментот кога требало да тргне кај Кика, дошла сосетката.

Наташа вели дека околу 22 часот добила повик од другарката на Кика која пристигнала во станот на нејзината ќерка.

„Ми кажа „На Кика ѝ излегува пена од устата“, а јас ѝ кажав веднаш да повика брза помош и дека ние стигнуваме“ - вели Наташа и додава дека веднаш повикала такси и се упатила кон станот.

„На влезот од зградата беше мачето на Кика, го земав во раце, и набрзо потоа ја сретнав жената од Брзата помош. Ми кажа дека, за жал, нема убави вести за мене и дека Кика починала. Тргнав кон нејзиниот стан, но не ми дадоа да влезам. Морав да ја видам“ -раскажува мајката.

Наташа раскажа и дека веднаш по влегувањето во станот го здогледала телото на Кика како лежи на креветот, додека нозете ѝ виселе. Мајката тврди дека Кика никогаш не лежена во таа положба.

„Ја фатив за рака, која ѝ беше во грч и ја галев. Го гледав тоа убаво лице на моето дете. Ја галев по лицето и во моментот кога ја погалив по вратот, почна да ѝ тече крв од носот. Беше морничаво“ - ја привршува својата исповед мајката на Кика, која додаде дека од тој момент не поминува ни секунда, а да не помисли на Кика.

„Таа беше моја миленичка. И сега ми ѕвони во глава нејзиниот глас: „Мамита, само да ти кажам“.“

фото: Притнскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: