Иста е како Аркан, нема ништо на Цеца: Обожавателите ја споредија Анастасија Ражнатовиќ со покојниот татко

Иста е како Аркан, нема ништо на Цеца: Обожавателите ја споредија Анастасија Ражнатовиќ со покојниот татко

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан, последните неколку денови е во центарот на интересот на јавноста. Делумно е така поради прославата која ја организираше по повод роденденот, а делумно поради новите песни кои ги издаде.

На социјалните мрежи нејзините обожаватели со денови ја споредуваат со покојниот татко и многу од нив се сложија дека младата пејачка повеќе личи на Аркан, отколку на Цеца.


„Пресликани, а Вељко е ист како Цеца“, „Нема ништо на Цеца, таа е иста како Аркан. И 100 пати да се оперира, таа е иста како него“, „Секогаш ќерките повеќе личат на татковците, а синовите на мајките. Мене Анастасија и Вељко ми се мешани. Вељко ги има очите и насмевката на Цеца, а останатото на татко му. Анастасија насмевката и дел на ликот ги има наследено од татко ѝ, а останатото од мајка ѝ. Децата на Цеца се гордост на Србија... Преубави, образовани, културни и нормални деца“ - се само некои од коментарите кои може да се најдат под фотографијата на Инстаграм профилот на обожавателите на Анастасија.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: