Изгледа како да ќе се сруши: Ќерката на Мадона едвај стоеше на нозе
Ќерката на поп дивата Мадона, беше главна атракција на Модната недела во Лондон, благодарејќи на своето чудно однесување.
Имено, 23 - годишната Лурдес Леон, инаку музичарка во подем е фотографирана по ревијата, кога се упатила на забавата на магазинот „Love“ во Лондон.
За овој настан облече маичка која ја износи како фустанче и која едвај и ги прекриваше интимните делови, а над тоа носеше тигрест капут кој во овој случај и послужи како моден детаљ, а не да ја прекрие.
Исто така носеше и чизми до колена, а при излегувањето од автомобилот толку се нишаше што сите помислија дека можеби малку повеќе се напила. Моментот кој најмногу укажуваше на тоа е оној кога косата и го покри лицето, а делуваше како да и се лоши.